Нејмар во неговиот календар има датум означен со црвено: 15 февруари 2022. Тој ден се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид на Паркот на принцовите во првиот натпревар од 1/8 од Лигата на шампионите и целта на бразилскиот напаѓач е да целосно да се опорави од повредата за да може да ги придружува Меси и Мбапен во нападот на парискиот тим.
На 28 ноември минатата година на натпреварот од Лига 1 против Сент Етјен се повреди Нејмар Јуниор.
Фудбалерот го напушти теренот на носилки и следниот ден се дозна дека ќе биде надвор од терените во период од шест до осум недели.
Двомесечното отсуство заврши вчера, но според весникот Л’Екип, играчот ги запазува роковите поставени од медицинските служби на ПСЖ.
Нејмар веќе глатко оди, но се уште не успеал да ја допре топката на теренот. Сепак, и бразилското крило и клубот се оптимисти и се надеваат дека може да биде подготвен за Реал Мадрид.