ФУДБАЛ

Нејмар потпишува договор до 2026 година

Француските медиуми тврдат дека Нејмар постигнал конечен договор со ПСЖ за продолжување на соработката.

Минатата година Нејмар се обиде да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, но работите се променија многу и Бразилецот сака да остане член на францускиот шампион и во наредните години.

По повеќемесечни преговори, двете страни постигнаа договор и Нејмар, наводно, ќе потпише богат договор до летото 2026 година.

Нејмар наполни 29 години пред неколку дена, па новиот договор значи дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.

Актуелниот договор со ПСЖ е на сила до летото 2022 година, а Бразилецот во моментов заработува 31 милиони евра годишно. Според новиот, таа бројка сигурно ќе биде уште поголема.