ФУДБАЛ

Нејмар предизвика хаос кај Израелците: Потегот по голот ги збесна навивачите

ПСЖ во Хаифа без поголеми проблеми го совлада Макаби со 3:1

 

Иако домашните први поведоа на овој меч, ПСЖ тргна во поголема брзина и до крајот постигна три гола за конечна победа.

 

Нејмар ја заклучи победата за парижаните. Тој постигна гол во 88. минута од средбата за 3:1, по што следуваше прослава на неговиот потпис.

Бразилецот одамна ги прославува сите голови „исмејувајќи“ со рацете на глава и вадејќи го јазикот. Сепак, за овој потег вечерва доби жолт картон.

Тој славеше кон навивачите на домашната екипа. Судијата Даниел Зиберт не му прости и ја крена картата високо во воздух.

Залудни беа протестите и објаснувањата на бразилскиот фудбалер. Доби жолт картон, но и ја налути домашната публика бидејќи повеќето мислеа дека ги исмева.

 

Погледнете ТУКА што се случуваше на теренот на стадионот во Хаифа.

 

Нејмар феноменално влезе во новата сезона и игра подобро од било кога, а тоа секако може да му угоди на селекторот на Бразил Тите пред Мундијалот.

 

Овој фудбалски волшебник оваа сезона се појави на вкупно 10 натпревари и има постигнато 11 гола и седум асистенции.

 

Феноменален старт на сезоната, подобар од кога било во дресот на париски клуб кој има огромни амбиции на стартот од сезоната.