Бразил речиси секогаш е меѓу најголемите фаворити за освојување на титулата светски шампион, а како петкратен шампион целосно ја заслужува таа улога.
Верувале или не, Бразилците ја чекаат светската титула 20 години, последен пат тоа им успеало во 2002 година на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија , па можете да замислите каква еуфорија ќе има меѓу нивните навивачи ако успее во Катар.
Нејмар и тимот ќе стартуваат на 24 ноември против селекцијата на Србија, а колку се самоуверени пред почетокот на Светското првенство можеби најдобро говори фотографијата која Нејмар ја објави на својот Инстаграм профил.
На шорцевите веќе ја соши и шестата ѕвезда, покрај петте постоечки кои ги симболизираат петте досега освоени светски шампионски титули.
Да потсетиме, Бразилците ги освоија светските шампионски титули во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002 година.
