ФУДБАЛ

Нејмар веќе нема да биде на теренот во 2020 година

Нејмар успеа да помине без сериозна повреда по силниот фаул на Тијаго Мендеш на мечот ПСЖ – Лион.

Сето ова се случуваше на самиот крај од мечот кога Нејмар врескаше од болка и беше изнесен на носилки од теренот. Се сомневаше дека станува збор за сериозна повреда, но за среќа тоа не беше случај.

Фаулот на Мендеш изгледаше навистина опасно и првите информации велеа дека Нејмар е сериозно повреден, но деталните прегледи направени еден ден подоцна донесоа добри вести.

Повредата на десниот глужд на Нејмар не е посериозна, но тој сепак ќе мора да помине извесно време надвор од теренот.

ПСЖ денес потврди дека Нејмар повеќе нема да игра во 2020 година, и дека ќе се врати на терените во јануари следната година.