Бразилецот Нејмар ги сруши сите рекорди минатото лето кога се пресели од Барселона во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.
Нејмар ги изненади сите со одлуката да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ, но тој го направи тоа, бидејќи сакаше да излезе од сенката на Меси. Бразилецот сака да покаже во францускиот клуб дека може да биде лидер на тимот и да ги симне Меси и Роналдо од тронот, но сепак работите не одат по планот.
По само една сезона започна широко да се шпекулира дека Нејмар може да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид, па дури и за некои медиуми, изјави дека сака да се врати во Барса. Бразилецот им кажа на француските медиуми за можно враќање во Камп Ноу.
“Хаха. Можам да кажам дека тоа е точно, дека ми недостасуваат поранешните соиграчи од Барселона, но имам договор со ПСЖ и ќе останам во овој клуб. Рабиот во Барса? Не знам навистина за што зборувате,”, рече Нејмар.