ФУДБАЛ

Нејмар во трка со времето, се помали се шансите за седум дена да игра против Реал

Бразилскиот репрезентативец Нејмар речиси сигурно нема да биде стартер на натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

За само еден ден ПСЖ ќе го пречека Реал во првиот дуел во првата рунда од нокаут фазата, а Нејмар се уште не е целосно опоравен од повредата со која се здоби на крајот на ноември 2021 година.

Неговото опоравување оди побавно од очекуваното и речиси сигурно нема да биде подготвен за првиот дуел со Реал.

Се очекува враќањето на Нејмар во реваншот, а на првиот меч можеби само ќе настапи во продолжението од мечот.

Нејмар веќе подолго време е во родниот Бразил, но од средината на јануари е во Париз и под постојан надзор на лекарскиот тим на ПСЖ.

Тој дефинитивно ќе и биде неопходен на својот тим во нокаут фазата од Лигата на шампионите.