Sвездата на ПСЖ, Нејмар беше жестоко критикуван од сонародниците по натпреварот против Чиле.
Нејмар одигра многу слаб натпревар, имаше многу грешки во играта, а натпреварот заврши со победа на Кариоките од 1-0.
Бразилците веруваат дека причината за неговата лоша игра е прекумерната тежина, и поради тоа жестоко го критикуваа.
De quem será essa criança que o menino Ney carrega? pic.twitter.com/0vPNmXaDNs
— Heitordes (@Heitordes) September 3, 2021
Сепак, главната sвезда на ПСЖ тврди дека нема вишок килограми, но дека дресот што го доби за овој натпревар беше преголем.
“Не одигравме добро, но победивме. Ајде да продолжиме понатаму”, рече Нејмар, додавајќи:
https://twitter.com/then24dotcom/status/1433753441935970307
“Имам нормална тежина, но добив огромен дрес. Следниот пат ќе барам помал”.
Следниот натпревар на Бразил е в недела, а противник е најголемиот ривал на Аргентина.
Кариоките веќе е една нога на Светското првенство. Бразил победи на сите седум натпревари досега во квалификациите и има максимални 21 бод.