Бразилската sвезда Нејмар заработи 400 милиони евра само во првата сезона во францускиот ПСЖ.
Нејмар пристигна во парискиот клуб во 2017 година во трансфер вреден 222 милиони евра, а неговото доаѓање во Париз се исплатеше.
View this post on Instagram
Мадридскиот весник Марка наведува дека само во првата сезона бразилскиот фудбалер заработил 400 милиони евра, благодарение на бројните спонзорски договори.
„Ќе заработиме повеќе пари од Нејмар отколку што ќе потрошиме“, рече претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, откако потпиша договор со Бразилецот во 2017 година.
View this post on Instagram
Парижаните без Нејмар немаше да ги добијат многуте договори што ги потпишаа. Рејтингот и продажбата на правата на натпреварите на ПСЖ значително се зголемија и Нејмар очигледно се исплати за нив, како и неговото пристигнување на Паркот на Принцовите.
View this post on Instagram
Ниту Бразилецот не може да се жали на заработката. Клубот му плаќа 37 милиони евра годишно, а дополнителните спонзорства очигледно му носат нереални бројки на годишно ниво.
View this post on Instagram
Лионел Меси сигурно немаше да дојде во ПСЖ ако не беше Нејмар и парискиот клуб без сомнение го направи вистинскиот потег со негово доведување.