Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, смета дека играчот на Реал Мадрид ја заслужува Златната топка, но не и Карим Бензема.
Целиот свет е воодушевен од искусниот француски напаѓач и смета дека тој ја заслужил Златната топка повеќе од кој било друг, но не и Нејмар, кој повеќе би сакал да му ја додели наградата на својот соиграч и стрелец на единствениот гол во победата на Реал над Ливерпул (1: 0) синоќа во финалето на Лигата на шампионите.
„Кому би му ја дал Златната топка? Според игрите што ги гледав, би му ја дал на Винисиус“, изјави Нејмар.
Секако, Винисиус е голем талент и претстојната ѕвезда на светскиот фудбал, но во овој момент Бензема дефинитивно ја заслужува наградата што можеше да ја освои и претходно, пред се во Реал.
Инаку, ниту еден Бразилец ја нема освоено Златната топка од 2007 година. Последен што го направи тоа беше поранешниот играч од средниот ред на Милан, Кака, а оттогаш Нејмар двапати заврши меѓу првите тројца, во 2015 и 2017 година.
Винисиус (21) имаше одлична сезона со кралевите. Бразилецот постигна 22 гола и 20 асистенции на 52 настапи во различни натпреварувања. Четири во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и споменатиот гол во финалето.