Кристијан Тељо некогаш беше голема надеж на Барселона, но никогаш не можеше да се докаже во каталонскиот клуб.
По заминувањето од Барселона, шпанскиот фудбалер помина неколку сезони во Порто и Фиорентина, а потоа потпиша за Бетис во летото 2017 година.
Тељо во претходните пет години настапуваше во дресот на Бетис, но реши да го напушти овој клуб на крајот од минатата сезона откако не успеа да се договори за продолжување на соработката.
Се шпекулираше дека овој 31-годишен напаѓач ќе остане во Шпанија и ќе продолжи да игра во Ла Лига, но сега е јасно дека тоа нема да се случи.
Имено, Тељо ја изненади шпанската јавност со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Соединетите Американски Држави, а синоќа беше официјализирано неговото доаѓање во ФК Лос Анџелес.
Cristian Tello is Black & Gold.
🤝 #LAFC Transfers presented by @remitly.
— LAFC (@LAFC) August 26, 2022
Тељо е само еден од низата играчи кои решија да ја напуштат Европа ова лето и да се преселат во клуб од МЛС, иако се уште се на високо ниво и во своите слави.
А ова потпишување од Лос Анџелес само докажува колку е популарна МЛС во светот на фудбалот и стана многу привлечна за многу фудбалери кои играат во најсилните европски лиги.
Во претходните пет години Тељо одигра 172 натпревари во дресот на Бетис и успеа да постигне 24 гола и да забележи 20 асистенции.
Што се однесува до Барселона, тој таму има прилично респектабилна претстава бидејќи на 86 натпревари за каталонскиот клуб постигна 20 гола и додаде 14 асистенции.