ФУДБАЛ

Некои ќе го оправдаат потегот на клубот, а некои ќе го осудат: Расплакано момче во солзи гледа како му пропаѓа сонот

Кристијано Роналдо е омилениот фудбалер на многу деца ширум светот.

И покрај тоа што влезе во доцните фудбалски години, тоа сепак не го спречува Роналдо да биде фудбалски херој за различни генерации кои пораснале или растат со Португалецот.

Роналдо моментално настапува за Манчестер Јунајтед, а веќе извесно време се поврзува со заминување од редовите на „црвените ѓаволи“ поради немањето пласман во Лигата на шампионите.

Еден од клубовите со кој Роналдо се поврзуваше последните недели е Марсеј.

Марсеј беше домаќин на Ница во дербито на Азурниот брег денеска на стадионот Алијанц Ривиера, а едно од децата се појави заедно со семејството во дресот на Роналдо.

Малото момче го носеше дресот на Роналдо од Манчестер Јунајтед, а домаќинот на натпреварот му забрани влез на стадионот, без разлика што има уредно купена карта.

Плачејќи, разочаран, гледаше како останатите навивачи ги полнат трибините и му заврши сонот да го гледа дербито.

Сигурно ќе има и такви кои ќе го оправдаат овој потег на Ница да не им дозволи на навивачите да влегуваат на трибините за домашните навивачи облечени во дресови на други клубови.

Од друга страна, многу луѓе ќе бидат љубоморни затоа што слободата му дозволува на секое живо суштество да се облекува како што сака и дека кога ќе дојде на натпреварот има право да ги носи карактеристиките што ги сака.

Инаку, избраниците на Игор Тудор славеа убедлив триумф со 0:3. Стрелци на два пати беа Санчез и Таварес.