На Ливерпул не му оди најдобро на стартот од новата сезона.
Ниту во првенството ниту во Лигата на шампионите не е ни сенка на Ливерпул како што сме навикнати во изминатите сезони.
Можеби дојде време за мало освежување на тимот, за тоа веројатно е свесен и Јирген Клоп, но ниту трансфер рокот не беше баш пријатен.
„Црвените“ во последен момент го доведоа Артур Мело по тешките повреди и тоа што им недостасуваше играч од средниот ред.
Доведувањето на Артур се покажа како не толку паметен потег. Од доаѓањето во клубот, Бразилецот одигра само петнаесет минути и тоа во ужасниот пораз од 4:1 на гостувањето кај Наполи.
Веќе се шпекулира за негово заминување од „Енфилд“ оваа зима, а Клоп вечерва го „понижи“ Бразилецот. Имено, германскиот стручњак го префрли играчот од средниот ред во тимот на Ливерпул до 21 година, кој настапува во ЕФЛ Трофеј куп натпреварување за пониските лиги.
Артур беше во стартниот состав со младите играчи на Ливерпул на дуелот против Рочдејл, кој „црвените“ го загубија со 1:0, а Бразилецот го напушти теренот во 63. минута, на негово место дојде заборавениот Џеј Спиринг (33).
Вечерва ова можеби беше јасен знак за бразилскиот играч за врска какви планови имаат на „Енфилд“, иако неочекувано го донесоа и сето тоа заврши за 24 часа. На крајот тоа се покажа како ужасен потег на Црвените.
Артур не покажува што се бара од него ниту на тренинзите, тренерите наводно му порачале на Клоп дека не ги исполнува нивните критериуми, па ќе видиме каков ќе биде следниот потег на тимот од Енфилд.
Како што стојат работите, Клоп во јануари ќе бара нов играч за врска, а имињата се уште не се шпекулираат, па зимскиот преоден рок на „Енфилд Роуд“ секако ќе биде интересен.