Јирген Клоп неодамна прослави пет години работа на клупата на Ливерпул, во меѓувреме стана вистинска легенда на „црвените“.
На зградите во Ливерпул беа изработени повеќе мурали посветени на ликот и делото на големиот германски експерт.
Еден од муралите го направил ценетиот автор на графики во Англија, Аске. На момчето кое ги нацрта муралите на Мухамед Али и Дејвид Боуви му требаа два дена за да го заврши.
Тоа е голема атракција во тој дел од областа Мерсисајд откако е изградена, сепак вандалите решија да ја уништат.

Имено, неодговорни лица нацртале пенис над муралот, па практично одличната работа паднала во вода.