ФУДБАЛ

Некоја клетва го прогонува ПСЖ – Меси се повреди и не игра против Баерн?

ПСЖ има проблем со повредени играчи и прашање е каков состав ќе игра против Баерн Минхен.

Еден од играчите кои би можеле да го пропуштат првиот меч со Баерн е Лионел Меси.

Аргентинецот и актуелен светски шампион дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Монако во домашното првенство, има проблем со задната ложа и е под голем знак прашалник за Баерн.

Мбапе го напушти мечот против Монпелје веќе во 21. минута поради повреда на коленото, Нејмар има повреда на мускулот, Рамос исто така го напушти мечот против Монпелје…