Челниците на Барселона објавија дека во овој летен период на трансфери, фокусот ќе го стават на засилување во одбранбената линија, а на мета на Каталонците е Клемент Ленглет кој игра за Севиља.
Веќе неколку недели, Ленглет е поврзан со трансфер во Барселона, но Севиља веќе отфрли две понуди за овој дефанзивец. Каталонскиот клуб понуди околу 25 милиони евра за Ленглет, но од Севилја рекоа дека не е за продажба.
Барселона се уште има можност да го доведе Ленглет доколку активира клаузула за откуп од 35 милиони евра. Челниците на каталонскиот клуб можат да преговараат само со играчот и ако Ленглет се согласи на трансфер, тие можат да ја активираат клаузулата.
“Сакаме нешто да биде јасно, а тоа е дека Севиља нема да го продаде Ленглет, сакаме да остане и затоа му понудивме нов договор. Барселона сакаше да влезе во преговори со нас, но нема да го продадеме. Друга работа, ако ја палатат клаузулата тогаш Ленглет може да оди. Тој е сè уште наш играч и веќе се подготвува за новата сезона “, изјави Спортскиот директор на Севиља, Хоакин Капарос.