Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема да се соочи со казна од Фудбалската асоцијација за неговите постапки по поразот од Ливерпул во неделата.
Ливерпул го совлада Манчестер Сити со 3:1 на „Енфилд“ за 8+ бодови на тавелата.
По мечот, Гвардиола можеше да се види како вели „ благодарам многу “, при поздравувањето со главниот судија по завршувањето на мечот.
Запрашан за инцидентот, Шпанецот рече:
-Не, не беше саркастично. Беше Ви благодарам многу. Јас го кажав истото нешто по натпреварот со Тотенхем,
Гвардиола беше убеден дека требаше да добијат пенал при играњето со рака на Александар-Арнолд.