ФУДБАЛ

Нема да има ВАР на натпреварот помеѓу Ница и Тулуз, за сето тоа е виновен глушец

За нешто помалку од еден час, ќе се играат натпреварите од 19-то коло од француското првенство.

Еден натпревар вечерва е особено интересен, а причината е навистина неверојатна.

Поточно, сите натпревари одиграни вечерва ќе користат ВАР, освен еден, тоа е натпреварот помеѓу Ница и Тулуз.

Според „Франс Блу Азура“, причината зошто нема да има ВАР технологија на овој натпревар е затоа што глушец ги оштетило каблите што се неопходни за да работи ВАР.

Навистина неверојатна ситуација бидејќи се работи за нај високо рангиран фудбал во Франција.