Златан Ибрахимовиќ најверојатно утре ќе го направи своето деби во Милан во натпреварот против Сампдорија.
Иако има 38 години, Ибра е добредојден во Милан како спасител и „росонерите“ очекуваат големи работи од него до крајот на сезоната.
Нема дилема дека голем број на италијански гигантски навивачи ќе дојдат на „Сан Сиро“, а Ибра јасно стави до знаење – тој нема да излезе на терен освен ако на трибините нема најмалку 70.000 луѓе.
„Колку луѓе се очекуваат утре во Сан Сиро? 60 илјади? Сакам да дојдат најмалку 70 илјади или нема да играм“, се пошегува Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Големи работи се очекуваат од него од тимот на Милан, но прашање е што може да направи Ибрахимовиќ на 38 години.