Белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Муса Дембеле, на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч. Иако со месеци преговара околу новиот договор истиот не е постигнат поради нереалното побарување за годишната плата.

Офанзивниот играч за врска ги информирал челниците на Тотенхем дека сака годишна плата не помала од 7-8 мил. евра. Таквото барање било одбиено со образложение дека клубот може да му понуди годишна плата не поголема од 5 мил. евра.