Нема долго да го гледаме триото Меси – Мбапе – Нејмар: Позната судбината на Французите

Written by

in

Се чини дека тоа е тоа.

Одличниот француски фудбалер ќе го напушти ПСЖ во летото 2022 година по истекот на неговиот договор, тврди „АС“.

Неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид, со кој се поврзуваше претходното лето, но двата клуба не можеа да се договорат за обештетувањето за 22-годишниот фудбалер, што сега нема да биде случај.

Очигледно нема уште долго да го гледаме триото Нејмар – Мбапе – Меси од кое дефинитивно очекувавме повеќе.

Килијан постигна девет гола и 12 асистенции на 20 натпревари за ПСЖ во досегашниот тек од сезоната. Неговиот тим е на врвот во Лига 1 и обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но на големиот Французин му треба нов предизвик во кариерата.

Да потсетиме, тој во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако, прво на едногодишна позајмица, а потоа парижаните го откупија неговиот договор.

Со ПСЖ три пати беше француски шампион, три пати го освои Купот на Франција и два пати Лига купот. Тој беше најдобар стрелец во лигата во последните три сезони.

Она што му недостига е Лигата на шампионите што можеше да ја освои минатата сезона, но неговиот тим беше поразен во финалето од Баерн.