ФУДБАЛ

Нема играч на светот кој во Лигата на шампионите дебитирал на подобар начин од Влаховиќ

Репрезентативецот на Србија практично постигна гол во првиот контакт со топката, а неговиот тим рано дојде до предност на ова гостување.

Ова е прв гол за Влаховиќ во првиот настап во најелитното клупско натпреварување, откако зимава пристигна во Јувентус од Фиорентина.

Да потсетиме, Виљареал и Јувентус го играат првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

https://twitter.com/jojomgng/status/1496214791374921729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496214791374921729%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fdusan-vlahovic-gol%2F419339