Се повеќе станува јасно дека Барселона нема да го купи Лаутаро Мартинез од Интер. Зошто? Па, поради финансискиот шок од коронакризата. Аргентинецот сега ќе биде прескап, а Каталонците само ќе се свртат кон приоритетите.
Кој е приоритет? Па, тоа е Нејмар од ПСЖ. Наводно неговото враќање на „Камп Ноу“ е условот број еден Лионел Меси да остане и да го продолжи договорот.
Ќе има и продажби, Видал, Ракитиќ, Умтити, Рафиња, Алења кој е на позајмица, како и Кутињо.
Но, што уште сака Барселона освен Нејмар. Се спомнуваат Луиз Фелипе од Лацио, потоа Упамекано од Лајпциг, но и Диего Карлос од Севиља.