ФУДБАЛ

Нема подобар начин да се одговори на расистичките навреди од она што го направи вечерва Винисиус (ВИДЕО)

Реал Мадрид вечерва беше убедлив на гостувањето кај Мајорка (3:0) во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига.

Херој на мадриѓаните беше нивниот најдобар стрелец Карим Бензема, кој со головите во 77. и 82. минута ги победи домаќините.

Но, се започна со голот на талентираниот Винисиус Јуниор во 55. минута. Откако постигна гол на асистенција на искусниот Бензема, Бразилецот излезе пред навивачите на Мајорка и заигра.

Тоа беше едноставен и можеби најубав одговор на Винисиус на наводните расистички навреди од трибините.

https://twitter.com/i/status/1503492407815733250

Ова беше 20-та победа за Реал и со 66 бодови убедливо води на табелата во Ла Лига, а има дури 10 бодови повеќе од второпласираната Севиља.

Следен ривал на кралевите е Барселона и дека Ел Класико ќе се одигра следната недела на Сантијаго Бернабеу.

ПОВРЗАНО

Ла Лига