Фудбалерите на Барселона доживеаја дебакл во средата на гостувањето кај Бенфика, каде беа поразени со 3:0.
Каталонскиот клуб, по две кола од групната фаза во Лигата на шампионите, нема бодови на своето конто, што е нешто нечуено.
Роналд Куман беше погоден од жестоки критики по натпреварот во Лисабон, за кого навивачите на Барселона посакуваат да добие отказ во наредните денови бидејќи повторно покажа дека не е вистинскиот избор за тренерот на овој тим.
Жоан Лапорта влезе во соблекувалната по натпреварот за да разговара со играчите, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој воопшто не сакал да се збогува со Куман, што доволно зборува за ситуацијата на Холанѓанецот.
Она што најмногу ги повреди фановите на Барселона е начинот на кој Куман го понижи Жерар Пике на овој натпревар.
Пике беше само половина час на теренот, а потоа Куман наместо него го стави Гави. Многумина мислеа дека Пике е повреден, но по натпреварот беше потврдено дека се е во ред со него.
Пике беше крајно лут поради оваа промена и начинот на кој Куман се однесуваше кон него по се што даде за овој клуб.
За да бидат работите уште полоши, Куман го „повлече“ Френки де Јонг во одбрана, што беше катастрофален потег со оглед на тоа што тој беше најдобриот играч на Барселона во офанзивата во тие половина час.
Куман по натпреварот рече дека се плаши дека Пике може да добие втор жолт или црвен картон, но на сите им беше јасно дека ова е само изговор за очајната промена што ја направи.
За потсетување, Пике неодамна се согласи на неверојатно намалување на платата за да може Барса да регистрира нови засилувања, и сигурно не очекуваше дека тренерот сепак ќе се однесува така кон него.