Атлетик Билбао во четврток против Атлетико Мадрид ќе го одигра полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп.
Шпанскиот Суперкуп и годинава се игра во Саудиска Арабија, а првиот полуфинален натпревар ќе се одигра утре кога ќе се сретнат лутите ривали Барселона и Реал Мадрид.
Ден подоцна на истиот стадион во Ријад ќе се одигра и натпревар меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, по што ќе го дознаеме вториот финалист од ова натпреварување.
Екипите вчера пристигнаа во Саудиска Арабија, но не се сите воодушевени што ова натпреварување се игра надвор од Шпанија,
Искусниот напаѓач на Билбао, Раул Гарсија отворено ги критикуваше челниците на Ла Лига бидејќи ова натпреварување повторно се игра надвор од Шпанија, а изјави дека не му е јасно зошто е тоа така.
„За мене нема смисла да се игра шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија. Ова е шпански трофеј за кој се бориме во странска земја. Фудбалот се менува и повеќе не размислуваме за навивачите. Сега е важно само да се направи пари и заборавете на основите на фудбалот, уживајте во фудбалот со семејството“, изјави Гарсија.
Да се додаде дека финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра в недела со почеток од 18 часот.