Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс го напушта клубот по крајот на сезоната.
Наскоро се очекува и официјално соопштение за Серхио Бускетс.
Шпанскиот фудбалер целиот свој сениорски живот го потчини на Барселона, од 2008 година е во првиот тим со кој освои се.
Осум шампионски титули на Шпанија, три европски шампионски титули, седум титули во Копа дел Реј… Серијата е огромна, а ќе заврши оваа сезона.
Имено, капитенот реши да си замине на крајот од сезоната, нема да го продолжи договорот, време е помладите да преземат одговорност на средината на теренот и се чека само официјалното соопштение.
Можеби ќе биде денес…
Во спротивно Серхи Роберто би требало да ја земе капитенската лента.
Tweet pas risqué: Sergio Busquets est le meilleur 6 de l’histoire du football pic.twitter.com/9IwhOVsbr0
— 𝗥𝗮𝗽𝗵𝗶𝗴𝗿𝗮𝗻𝗮 (@Raphigrana) May 9, 2023
