Мауро Икарди ја напушта Лига пет откако играше долги години во Франција и Италија.
Икарди додека го носеше дресот на Интер беше меѓу најдобрите светски напаѓачи, но по преселбата во ПСЖ постепено го загуби сјајот.
По доаѓањето на Лионел Меси и експлозијата на Килијан Мбапе, аргентинскиот напаѓач без излез влезе во тунел и некако исчезна од сцената.
Веќе неколку недели се шпекулира за негово заминување од Паркот на принцовите. Конечно, таа сага беше разрешена по потврда од неколку страни.
Икарди кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, еден од најпознатите клубови во светот, кој не е толку конкурентен како пред една деценија или повеќе.
Искусниот голгетер во Истанбул пристигнува на едногодишна позајмица со право на откуп, а за деталите за платата се договориле и ПСЖ и Галатасарај.
Турските медиуми пишуваат дека Галатасарија ќе покрие дел од платата во износ од 3,5 милиони евра, додека остатокот од 8,5 милиони ќе го плати ПСЖ.
🔥 Mauro İcardi, Galatasaray'da!
✈️ İcardi en geç salı günü İstanbul'da olacak.
• Galatasaray ve PSG arasındaki tüm işlemler tamamlandı.
• Kiralık, satın alma opsiyonu yok. @ajansspor pic.twitter.com/8RPh4Ocq36
— Salim Manav (@Salimmanav) September 3, 2022
Аргентинецот е член на ПСЖ од 2019 година. Прво пристигна на позајмица од Интер, но потоа неговиот договор беше откупен за 60 милиони евра.
Икарди одигра 92 натпревари за парискиот гигант и постигна 38 гола.
Пред ПСЖ, аргентинскиот фудбалер со години го носеше дресот на Интер каде што беше и капитен. Извесен период играше и за Сампдорија, а помина низ младинската академија на Барселона.