ФУДБАЛ

Нема зима за Роналдо: Нова скапа инвестиција на ѕвездата на Јувентус

Иако неговата плата во Јувентус беше намалена поради бројните спонзорски договори, Кристијано Роналдо дури и не го почувствува тоа.

Роналдо продолжува да инвестира во недвижнини. Откако минатата година ги купи најскапите станови во Португалија за 7,5 милиони евра, тој неодамна започна со работа на нова инвестиција.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата купи земјиште на португалската Ривиера Квинта да Мариња за сума од околу 8 милиони евра, а веќе се започнати работите за изградба на вилата.

Просторот од 10.000 квадратни метри ќе му овозможи на Роналдо и неговото семејство да го поминат слободното време во мир и далеку од љубопитните очи.

Во рамките на вилата ќе се гради салата и затворен базен. Некои португалски медиуми пишуваат дека Роналдо планира да живее на ова место откако ќе стави крај на фудбалската кариера.