Кристофер Нкунку, членот на РБ Лајпциг е прогласен за најдобар играч во минатата сезона во Бундеслигата.
Нкунку има одлична сезона зад себе.
Ги одигра сите 34 натпревари и постигна дури 20 гола. Тој додаде и десет асистенции.
Четири пати беше прогласен за играч на месецот, за прв пат во историјата на Бундеслигата.
Тој пристигна во Лајпциг во 2019 година и потпиша петгодишен договор.
Не се избори за место во ПСЖ, пристигна во германски клуб и на крајот направи потег во кариерата.
Сега се поврзува со голем број на клубови, пред се со Баерн Минхен.
Билд тврди дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ моментално се распрашуваат за него. Подготвени се да го доведат во своите редови и планираат да започнат преговори со Лајпциг.
Германскиот клуб веќе одреди цена за одличниот Французин. Таа изнесува 75 милиони евра, но можно е во текот на преговорите и конечниот договор да биде намалена за околу 10 милиони.
Колку и да го продаде Лајпциг, од него ќе заработат големи профити. Нкунку пристигна во клубот како отпишан играч на ПСЖ во 2019 година за само 13 милиони евра.