ФУДБАЛ

„Немав избор, морав да го продолжам договорот“

Јирген Клоп вчера го продолжи договорот со Ливерпул.

Според новиот договор, германскиот стручњак ќе остане на „Енфилд“ до летото 2026 година.

Оваа сезона неговиот тим се уште се бори на сите фронтови и има шанса да заврши со четири освоени трофеи на крајот од сезоната – Лига купот е веќе освоен, тие се во финалето на ФА Купот, со еден бод помалку од Манчестер Сити во лигата, а во Лигата на шампионите веќе со едната нога во финалето.

На прашањето на англиските медиуми за причините за продолжување на договорот со „црвените“, Клоп во свој стил даде урнебесна изјава.

„Па, гледате, тоа е едноставно. Ула (сопругата на Клоп) сакаше да остане, па немав многу избор“, рече Германецот.

Да потсетиме, Клоп ја започна трансформацијата на „Енфилд“ откако го презеде клубот во 2015 година, ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а потоа ја освои својата прва англиска титула по 30 години.