Долго време, многумина мислат дека фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали во моментов е еден од најдобрите стопери во светот, ако не и најдобриот.
Вредноста на Сенегалецот е проценета на речиси 100 милиони евра, а истата може да расте по неговите два одлични натпревари против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Кулибали одигра одлично против најголемите ѕвезди на ПСЖ, а италијанските новинари заклучија дека тој сигурно го „маѓепса“ феноменалниот Килиан Мбапе.
„Немав магичен напиток за Мбапе, само си ја вршев својата работа. Секој противник има свои предности и недостатоци, па дефанзивецот мора да го најде вистинскиот начин да го неутрализира. Мбапе е многу, многу брзо. Видовме како играше за Франција на Светското првенство и како игра во Лига 1“, рече Кулибали за „Afriquefoot“, но додаде:
„Многу тешко е да се запре, па се обидов да ги предвидам неговите движења. Тоа ми успеа и јас сум среќен за тоа.“
Наполи на натпреварите против ПСЖ, во Лигата на шампионите одигра нерешено, првиот натпревар заврши 2:2, додека вториот 1:1.