Лоши сценариа беа видени во Прага пред квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу Чешка и Англија.
Англиските навивачи беа вклучени во жестоки судири со локалната полиција, во Прага.
Лошото сценарио избувна нешто пред 19 часот по локално време кога некои навивачи на Англија почнаа да фрлаат шишиња кон полицијата.
Чешката полиција ги растера хулиганите со солзавец, а десетина беа уапсени.