За Баерн и ПСЖ 2022 година сигурно не започна како што замислуваа во овие два клуба.
Ковид-19 им прави големи проблеми на многу спортски тимови ширум светот, а секојдневно се појавуваат нови позитивни случаи.
Баерн во саботата објави дека четворица играчи од првиот тим се позитивни, па подготовките за продолжението од сезоната се одложени за понеделник.
Мануел Нојер, Кингсли Коман, Корентин Толисо и Омар Ричардс се позитивни, но најважно е дека се чувствуваат добро и се изолирани во своите домови.
Четири позитивни случаи беа забележани и во ПСЖ, а парискиот клуб не ги именуваше своите играчи.
Еден член од стручниот штаб исто така е позитивен за лидерот во Лига 1. Сите заразени лица се вклучени во актуелниот протокол за Ковид во Франција.
Коронавирусот не го заобиколи ниту Јувентус. Потврдено е дека Џорџо Киелини е позитивен, па искусниот стопер ќе ги пропушти воведните натпревари во 2022 година.