Доаѓањето на Роберт Левандовски во Барселона ги израдува фановите на Каталонците одлично.
Во претходните 10 години, Полјакот беше меѓу најдобрите напаѓачи во светот, а Барса очекува тој да продолжи да постигнува голови во својот дрес.
Голем дел од навивачите на каталонскиот клуб веднаш решија да го купат дресот на новиот напаѓач на нивниот клуб. Сепак, многу од нив не успеаја во тоа. Причината е бизарна.
Недостигот на буквата „W“ во печатницата за дресови во фан шопот спречи многумина да ја добијат својата копија од дресот.
Зошто не можеме да ги купиме дресовите на Левандовски?“, праша еден од навивачите, а момчето од продавницата објаснува:
„Веќе ја немаме буквата W. Бидејќи има две W во презимето, останавме без таа буква“, одговара работникот.
Бизарна и неверојатна ситуација, но доказ дека Левандовски ќе и донесе многу на Барселона во маркетинг секторот. Барем додека не ги добијат материјалите за клупската продавница.