Денес се одиграа дел од натпреварите од 2.коло од германската Бундес лига.
Најголемото изненадување го приреди Аугсбург, кој на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0, кој за четири дена против Баерн ќе одигра натпревар за трофејот во Суперкуп на Германија.
Аугсбург поведе во 40.минута со голот на Удуохаи, а во 54.минута Каљури ја потврди големата победа на баварскиот тим, нанесувајќи и го првиот пораз на Борусија во новата сезона
Мајнц поведе со 1-0 против Штутгарт со погодок на Кваисон во 13. минута, но на крајот загуби со 4-1. Головите за Штутгарт ги постигнаа Вамангитука, Дидави, Климович и Калајџиќ.
Арминија го совлада Келн (1:0) со голот на Едмундсон, додека Унион Берлин изненади во Моенхенгладбах, играјќи 1:1 против Борусија. Дербито помеѓу Баер и Лајпциг заврши со ист резултат.