Дали Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ или ќе го засили Реал? Тоа е прашање на кое никој сè уште не го знае одговорот и токму за иднината на Мбапе најмногу се шпекулира во странските медиуми.
Скоро секој ден излегуваат нови информации за фудбалската иднина на Мбапе, но сепак ништо официјално не се случило.
Одличниот француски напаѓач е сè уште член на ПСЖ, и иако веќе е „преселен“ во Реал, последните информации велат дека тој сепак би можел да го продолжи договорот со францускиот клуб, но само на краток рок, односно на една година или две.
Наводно, парите не се проблем, односно Мбапе има џентлменски договор со ПСЖ според кој ќе потпише нов договор доколку клубот на 1 август покаже на пазарот дека е подготвен да направи тим што ќе ги брка сите трофеи во наредните години.
Доколку тоа не се случи, ПСЖ ќе го продаде Мбапе на Реал, кој треба да биде многу активен на пазарот во текот на летниот преоден рок.
Според француските медиуми, Мбапе отфрлил четири понуди од ПСЖ за продолжување на соработката, но причината не биле пари, туку спортски проект и токму затоа е постигнат договор за споменатиот господин.
Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако во трансфер вреден 120 милиони евра. Оваа сезона одигра 30 натпревари во Лига 1, постигна 26 гола и додаде седум асистенции.