ФУДБАЛ

Неочекувана поддршка од стар пријател: „Дајте му на мојот дечко Златна топка!“

Манчестер Сити и Реал Мадрид синоќа одиграа одличен прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а конечниот резултат беше 4:3 за Граѓаните.

Иако неговиот тим беше поразен, Карим Бензема повторно одигра одлична партија и постигна два гола, а тој ќе биде најзаслужен доколку избраниците на Карло Анчелоти одат во финалето и го освојат пехарот.

Откако ги постигна головите против Манчестер Сити, Карим Бензема стана најдобар стрелец во тековното издание на Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Реал Мадрид постигна 14 гола на 10 одиграни натпревари, а играта на Французинот го импресионираше Месут Озил, неговиот поранешен соиграч, кој испрати јасна порака по натпреварот одигран во вторникот вечерта.

„Каков фантастичен натпревар! Дајте му ја златната топката на моето момче Бензи!“, напиша Месут Озил на Твитер.

Инаку, Месут Озил и Карим Бензема одиграа на 118 натпревари за Реал, а меѓусебно постигнаа 19 гола.

Репортерите на „Goal“ во вторникот ја објавија табелата за престижниот трофеј што го додели Франс Фудбал, а се очекува Бензема да биде лидер.

Зад Французинот е Салах, Левандовски, Мбапе, Мане, Де Брујн, Модриќ, Винисиус Жуниор, Фоден и Александер-Арнолд.