Дербито од 30. коло во шпанската Ла Лига утре ќе го одиграат Барселона и Севиља.
Пред споменатиот дуел, Каталонците се најдоа во неволја, со оглед на тоа што Лук де Јонг беше позитивен на Ковид-19, што клубот го потврди на своите официјални канали.
LATEST NEWS | First team player Luuk de Jong has tested positive for Covid-19. The player is in good health. pic.twitter.com/zii0nMGHJd
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 2, 2022
По позитивниот тест за Де Јонг, тестирање направија и други играчи на Барселона кои биле во контакт со холандскиот напаѓач и имале негативни тестови.
Лук де Јонг се чувствува добро, но ќе мора да биде пет дена во изолација, па под знак прашалник е неговиот настап на првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа во четврток, кога Барселона гостува во Франкфурт против Ајнтрхт.
Ова е прв случај на коронавирус во шпанската Ла Лига во 2022 година, поточно дека фудбалер имал позитивен тест на Ковид-19.