ФУДБАЛ

Нереален хаос во Трабзон: Навивачите втрчаа на терен за да ја прослават титулата, а судијата не го ни досуди крајот (ВИДЕО)

Трабзонспор вечерва ја освои титулата турски првак.

Трабзон ремизираше 2:2 против Анталијаспорт на домашен терен, но овој бод беше доволен овој клуб вечерва да ја обезбеди титулата шампион на оваа земја на три кола пред крајот на првенството.

Ова е голем успех за Трабзон.

Сепак, на стадионот во Трабзона видовме неверојатни сцени непосредно пред крајот на натпреварот. Во петтата минута од обештетувањето домашните навивачи втрчаа на теренот и почнаа да ја слават титулата, а не ни сфатија дека натпреварот не е завршен.

На теренот настана целосен хаос додека фудбалерите на Трабзон се обидуваа да им објаснат на навивачите дека натпреварот не е завршен и дека прославата треба да почека уште малку.

Кога спикерот на стадионот објави дека натпреварот се уште се игра, навивачите се вратија на трибините и по неколку минути пауза, натпреварот продолжи.

Се одиграа уште две минути, а резултатска промена немаше. Трабзон по седми пат стана шампион на Турција, а навивачите масовно истрчаа, почнаа да ја вадат мрежата од головите, а опремата од играчите на својот клуб.