Јувентус го совлада Интер со 2:1 на „Џузепе Меаца“ и дојде на чекор до пласман во финалето на Купот на Италија.
Јувентус одигра многу добар натпревар и успеа да совлада големиот ривал, а големи заслуги за тоа има турскиот дефанзивец Мерих Демирал.
Тој имаше неверојатна интервенција во второто полувреме што го спаси водството на неговиот тим.
Родриго Бентакур ја губи топката на околу 20 метри, станува збор за Алексис Санчез кој шутира на голот, но Демирал го спасува својот гол со феноменална реакција.
https://twitter.com/i/status/1356711020182581250
Секако, имаше голема прослава по овој потег, а Јуве на крајот стигна до победата.