ФУДБАЛ

Нереални настани околу трансферот на Гризман: Документите стигнаа една минута пред крајот на преодниот рок

Антоан Гризман стана нов играч на Атлетико Мадрид.

По две години минати во Барселона, францускиот напаѓач се враќа во Атлетико, каде ќе биде позајмен со задолжително купување на договор за 40 милиони евра.

Неверојатни работи се случуваа околу овој трансфер. Во еден момент, се чинеше дека бизнисот пропадна бидејќи беше „заглавен“ околу заминувањето на Саул Нигез од Атлетико во Челзи.

Барселона, пак, го доби на позајмица напаѓачот Лук Де Јонг, но поради сите случувања со Гризман и Саул, овој трансфер исто така беше загрозен.

На крајот, сепак, се помина добро. Трансфер документите пристигнаа во седиштето на Ла Лига во 23:59 часот, минута пред истекот на рокот за трансфер и конечно целата работа беше одобрена.

Така Гризман повторно ќе го носи дресот на Атлетико, Лук Де Јонг е новиот напаѓач на Барселона, а Челзи го претстави Саул како нивно ново засилување.

Гризман пристигна во Барса од Атлетико за 120 милиони евра, но не се снајде најдобро на Камп Ноу. Тој не го покажа целиот свој квалитет, а на 102 одиграни натпревари постигна 35 гола.

Наместо тоа, Барселона го ангажираше 31-годишниот Холанѓанец Лук Де Јонг. Тој доаѓа на позајмица од Севилја бесплатно, а за овој тим Де Јонг постигна 19 голови на 94 настапи.

ПОВРЗАНО

Ла Лига