ФУДБАЛ

Нередите во Неапол продолжија и по натпреварот

Фото: An Eintracht Frankfurt fan kicks a bus ahead of a UEFA Champions League soccer match between Napoli and Eintracht Frankfurt in Naples, Italy, March 15, 2023. REUTERS/Stringer - RC2FUZ9ZM81S

Грдите сцени кои беа своевидна увертира на дуелот меѓу Наполи и Ајнтрахт во средата продолжија и по натпреварот.

И покрај забраната на локалните власти на Неапол да продаваат билети за натпреварот на навивачите на Ајнтрахт, околу 600 од нив сепак пристигнале во градот.

Во текот на попладневните часови со часови траеја тепачките со полицијата и навивачите на Наполи. Гостите имаа помош и од приврзаниците на Аталанта. И по натпреварот не беше многу поразлично.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети се обиде да апелира до навивачите да се смират и мирно да си одат дома по натпреварот, но се чинеше дека малкумина ne го слушнаа.

Навивачите на Наполи се обиделе да ги пресретнат и нападнат автобусите со навивачи на германскиот тим по натпреварот, но полицијата успеала да ги спречи овие обиди, јавуваат италијанските медиуми во средата доцна навечер.