Роберт Левандовски повеќе не сака да игра за Баерн.
Полскиот напаѓач има договор со Баерн до летото 2023 година, но 34-годишниот фудбалер повеќе пати јавно кажа дека сака да ги напушти Баварците и е подготвен да ја промени средината. Суперѕвездата сака да замине во Барселона, која ќе се обиде да се договори со Баерн за висината на обештетувањето, додека германскиот шампион има став да го задржи играчот против негова волја.
Сето тоа го прави нервозен Левандовски, а таа нервоза ја искажуваше на тренинзите. Германскиот весник „Тагесцајтунг“ наведува дека Лева имал помал судир со тренерот Јулијан Нагелсман пред да замине на тренинг кампот на репрезентацијата на Баерн.
Тренерот на Баерн му даде совет на Левандовски како да се стави во шеснаесетникот во моментот на центаршутот, а видно изнервиран Левандовски го потсети дека неодамна постигнал 41 гол во сезоната во Бундеслигата и со тоа станал рекордер.
За осумте години поминати во Минхен, Левандовски одигра 373 натпревари, постигнувајќи 344 голови и 72 асистенции.
Со Баварците освои и осум титули во Бундеслигата, три Купа на Германија, трофејот во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
„Само сакам да го напуштам Баерн. Лојалноста и почитта се поважни од самата работа. Најдобро би било заедно да најдеме решение. Нешто во мене умре, сакам да го напуштам Баерн за да имам повеќе емоции во мојот живот“, изјави Левандовски пред неколку дена.