Пауло Дибала игра одлично оваа сезона и е многу поефикасен од минатата.
Дибала оваа сезона успеа во нешто што ретко беше успешно пред него кога станува збор за играчите во Серија А.
Имено, големиот Аргентинец има постигнато гол на секое натпреварување што го одигра во оваа сезона и е единствен во натпреварувачката година 2019/2020.
Дибала ја затресе мрежата на четири различни натпревари. Покрај Серија А и Лигата на шампионите, тој синоќа постигна два гола во Купот на Италија, а претходно беше стрелец на италијанскиот Суперкуп.
„Десетката“ на Јуветус оваа сезона постигнаа 11 гола на 24 натпревари и веќе има подобар учинок од минатата сезона кога постигнаа 10 пати на 42 натпревари.
Дибала беше близу да го напушти Јувентус ова лето, Бјанконерите сакаа да го продадат во ПСЖ или Тотенхем, но тој беше решен да остане во Торино и очигледно не погреши.