ФУДБАЛ

Нешто не е како што треба на „Олд Трафорд“: Уште еден играч одби трансфер во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед страшно ја започна новата сезона.

Во првите две кола од англиската Премиер лига, „црвените ѓаволи“ беа поразени од Брајтон и Брентфорд и се најдоа на последното место на табелата.

После тоа, странските медиуми ја пренесоа веста дека тимот од Олд Трафорд е заинтересиран да го доведе Кевин Трап, голманот на Ајнтрахт од Франкфурт.

Тие наводно не биле подготвени да платат 21 милион фунти на актуелниот победник во Лига Европа. Сепак, германскиот голман изјави дека ја одбил понудата на англискиот клуб за четиригодишен договор.

„Понудата беше на маса. Манчестер Јунајтед е светски клуб и размислував за оваа можност. Се надевам дека сите ќе разберат“, изјави Трап на социјалната мрежа Инстаграм. Тој додаде дека на крајот се одлучил за Франкфурт со кој има договор до 2024 година.

Им кажав на претставниците на двата клуба дека останувам во Ајнтрахт. Овде доживеав нешто неповторливо и заедно испишавме историја. Имаме тежок почеток на сезоната, но верувам во тимот“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Trapp (@kevintrapp)

Франкфурт освои два бода во три натпревари и во новата сезона влезе со пораз од 1:6 од Баерн Минхен. Сепак, како актуелен освојувач на Европската лига ќе се појават во групната фаза од Лигата на шампионите, а во пресрет на вечерашната ждрепка се во првиот шешир заедно со уште неколку најдобри екипи во Европа.

Наводно, Манчестер Јунајтед се сврте кон ангажирање на словачкиот голман Мартин Дубравка од Њукасл Јунајтед.

Њукасл се уште е непоразен и освои пет бода, а на сите три дуели пред Дубравка пред Дубравка беше Англичанецот Ник Поуп кој летово пристигна од Барнли.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа