Кристијано Роналдо беше во стартниот состав на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Реал Сосиедад.
Во натпреварот од Европската лига, ЦР конечно играше од првата минута, првпат по натпреварот против Брентфорд одигран во средината на август.
Причината поради која Кристијано е главно на клупата е едноставно лошата форма. Ерик тен Хаг верува дека Роналдо се уште не е на ниво и тоа го покажува натпревар по натпревар.
ЦР вечерва уште еднаш покажа дека не е вистинскиот. Повторно дувна голема шанса, нешто што лесно ќе го постигнеше без да гледа во претходните години.
ЦР се упати кон голот на Реал Сосиедад. Се обиде да ги исфрли противниците во свој препознатлив стил, но дефанзивците не паднаа на тоа.
Кристијано беше запрен, остана без топката и на неговото лице повторно беше видливо крајно разочарување.
Погледнете ТУКА како изгледаше акцијата на Кристијано Роналдо.
ЦР се уште е без гол и асистенција оваа сезона, а дали тоа ќе се промени ќе видиме по вечерва.
За разлика од оваа сезона во која е во голема криза, минатата сезона Роналдо беше еден од ретките кои играа добар фудбал на Олд Трафорд.
Тој беше најдобар стрелец на тимот и постигна 24 гола на 38 натпревари.