ФУДБАЛ

Нешто се крчка, Тухел учи шпански и го чека повикот!

Реал Мадрид се уште верува во Карло Анчелоти, но во потесниот круг го има Томас Тухел.

Доверливиот Билд денеска откри дека Германецот веќе некое време учи шпански и се надева на работа во Ла Лига.

Мали се шансите тоа да биде Барселона, бидејќи Чави Ернандез ја има максималната доверба од Жоан Лапорта, но истото не може да се каже за Флорентино Перез и Карло Анчелоти.

Токму поразите од Барселона оваа сезона и негативата од девет поени пред „Ел Класико“ го натераа Перез да размислува за потенцијална промена на крајот од сезоната.

Тухел наводно е прв на листата на желби, но не е единствениот, бидејќи по него се – Маурисио Покетино, Чаби Алонсо и Раул Гонзалес, тврди Билд.

Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи и оттогаш ја чека вистинската понуда.

Шпанија е неговата „ветена земја“ каде повеќе би сакал да ја продолжи кариерата, иако не треба да се исклучи можноста ПСЖ да го врати на лето, бидејќи со него контактирал и Насер Ал Келаифи, иако доколку Перез реши повторно да го отпушти Анчелоти по втората сезона се знае кој ќе го има минливиот шампионат…

ПОВРЗАНО

Ла Лига