ФУДБАЛ

Нешто се случува меѓу Зидан и Винисиус – Бразилецот повторно надвор од составот

Винисиус е надвор од тимот на Реал Мадрид за предизвикот со ПСЖ

Во вторник вечер, Реал Мадрид ќе биде домаќин на „Сантијаго Бернабеу“ на францускиот ПСЖ, на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Како и во предизвикот во Ла Лига против Реал Сосиедад, Винисиус Јуниор повторно е оставен дома за предизвикот против ПСЖ.

Тој не е повреден, дури и тренираше две недели кога сите беа со својата репрезентација, но Зизу едноставно не му верува.

18-годишниот Родриго повторно е поканет.

Маријано, Дијаз, Одриозола и Начо исто така се изоставени, додека Асенсио се уште е повреден.

Фудбалери поканети од Реал:

Голмани: Куртоа, Ареола и Алтубе.
Дефанзивци: Карвахал, Милитио, Рамос, Варан, Марсело и Менди.
Среден ред: Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде и Иско.
Напад: Азар, Бензема, Бејл, Јовиќ и Родриго.

ПОВРЗАНО

Ла Лига