Романскиот судија Себастијан Колтеску на расна основа го навреди помошникот тренер на Башакшехир Пјер Вебо и како резултат на тоа беше прекинат натпреварот од ЛШ против ПСЖ на Паркот на принцовите.
Колтеску, кој ја имаше улогата на четврти судија, го замоли главниот судија Овидиу Хатеган да го исклучи со зборовите „овој црн таму“.
Ова ги разбесни сите во Башакшехир. Натпреварот беше прекинат и двете екипи заминаа во соблекувалната.
Колтеску во минатото имал бурни одлуки како судија. Не го ценат ниту во Романија, каде често знаеше да создаде хаос, а неодамна остана без значката на ФИФА и ова требаше да биде последниот европски натпревар во неговата кариера.
Пред нешто повеќе од две недели, тој создаде хаос со одлуките на натпреварот помеѓу Газ Метан и Стеауа, а поранешниот судија Адријан Порумбоиу по тој натпревар рече:
“Целата негова кариера е исполнета со мастило. Можеби беше талентиран еднаш, но требаше да избере друга професија – музика или танц. Како судија, треба да бидеш непристрасен”, рече Порумбоиу и додаде:
„Човечки е да се направи грешка и може да се прости, но нема натпревар каде тој немаше директно влијание врз резултатот“.
И во 2015 година, сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали, побара да биде исклучен Колтеску од судиската организација по натпреварот против Астра.
“Треба да биде исфрлен. Јас сум подобар судија од него”.
Колтеску беше казнет и во 2007 година. Судеше на натпревари од пониската лига, а по овој скандал, неговата кариера дефинитивно беше завршена.